Секое лице кое е член на доброволен пензиски фонд и кое уплатило сопствени средства во доброволниот пензиски фонд, кои се претходно оданочени со персонален данок на доход, има право на поврат на платениот персонален данок на доход пресметан на износот на уплатениот придонес во доброволниот пензиски фонд.

Со средства обезбедени преку ИПА фондовите, како дел од компонентата ТАИБ 2008, во тек е спроведување на проектот „Поддршка на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување“.
Трендот на намалување на надоместоците во задолжителното капитално финансираното пензиско осигурување продолжува и во 2012 година. Двете пензиски друштва кои управуваат со задолжителни пензиски фондови го намалија надоместокот од придонесите од 4,5% на 4%
Само пензиските друштва лиценцирани од МАПАС можат да рекламираат и нудат пензиско осигурување
Никој освен пензиско друштво основано согласно со Законот за задолжително капитално финансирано пензиско осигурување или согласно со Законот за доброволно капитално финансирано пензиско осигурување не може да врши работи на маркетинг или да нуди задолжителен или доброволен пензиски фонд, пензиска шема или сличен пензиски аранжман.
Министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски на прес конференција ја презентираше состојбата во вториот и третиот пензиски столб, односно досегашните ефекти од пензиската реформа, притоа истакнувајќи дека целта на пензиската реформа е обезбедување стабилен пензиски систем и материјална сигурност на граѓаните во старост.





