MK | AL | ENG

Во мај 2009 година се формира Комисија за одлучување по прекршок (Прекршочна комисија) во Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување. Директорот на Агенцијата ги определи членовите на Прекршочната комисија од редот на вработени лица во Агенцијата, согласно условите пропишани во Законот за задолжително капитално финансирано пензиско осигурување. Прекршочната комисија е составена од три члена, од кои еден ја врши функцијата претседател на Прекршочната комисија. Во октомври 2009 година нејзините членови поминаа обука организирана од Академијата за обука на судии и јавни обвинители.

Членовите на Прекршочната комисија се самостојни и независни во работата на Прекршочната комисија и одлучуваат врз основа на своето стручно знаење и самостојно убедување.

Прекршочната комисија одлучува по прекршоците утврдени во Законот за задолжително капитално финансирано пензиско осигурување и изрекува прекршочни санкции утврдени со овој закон.  Прекршочната комисија има право да изведува докази и собира податоци кои се неопходни за утврдување на прекршокот, како и да врши други работи и  презема дејствија утврдени со Законот за задолжително капитално финансирано пензиско осигурување, Законот за прекршоци и/или со друг закон. Против решенијата на Прекршочната комисија, со кои се изрекува прекршочна санкција може да се поднесе тужба за поведување на управен спор пред Управниот суд.

sme
faq
sloboden
vazni_info1