MK | AL | ENG

Во просториите на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) на 06.07.2011 година во 10:00 часот се одржа прес конференција со цел презентација на Извештајот за состојбите во капитално финансираното пензиско осигурување за 2010 година. На прес конференцијата присуствуваа претставници на поголем број електронски и печатени медиуми.

Директорот на Агенцијата, м-р. Булент Дервиши го презентираше петтиот годишен извештај за состојбите во капитално финансираното пензиско осигурување и даде осврт на најзначајните теми од извештајот. Во нив се вклучени општ опис на карактеристиките на капитално финансираното пензиско осигурување, осврт на најзначајните измени во законите и подзаконските акти од оваа област, информации за активностите на двете пензиски друштва во врска со нивното финансиско работење, маркетингот и почитувањето на законите и подзаконските акти од страна на друштвата и информации за работењето на четирите пензиски фонда (два задолжителни и два доброволни). По презентацијата директорот одговaраше и на новинарските прашања во врска со пензиската реформа и работењето на пензиските друштва и пензиските фондови.


Обраќањето на директорот може да го преземете од следниот линк:
Обраќање
Презентација

sme
faq
sloboden
vazni_info1