MK | AL | ENG

Рок за избор: 3 месеци

Сите нововработени осигуреници се задолжителни членови во вториот столб на пензискиот систем. Веднаш по вработувањето тие времено се распределуваат од страна на МАПАС во пензиски фонд по случаен избор со цел да се обезбеди акумулирање на нивните средства.

Во тој период друштвата за управување со пензиски фондови не го знаат името и презимето на осигурениците, а осигурениците не знаат каде се распределени.

Времено распределените осигуреници имаат рок од три месеци да изберат во кој пензиски фонд ќе членуваат. Тоа значи дека може по СОПСТВЕН ИЗБОР да се зачленат во пензискиот фонд во кој биле времено распределени или да одберат да се зачленат во другиот пензиски фонд.   

По истекот на тој рок, ако осигурениците не одлучат во кој пензиски фонд ќе членуваат, остануваат членови во пензискиот фонд во кој биле времено распределени. Единствено од МАПАС осигурениците добиваат известување во кој фонд се распределени . 

Зачленување во пензиските фондови по 1 јануари 2006 година   

Важи само за: 

•  Задолжителни осигуреници кои за прв пат ќе се вработат по 1 јануари 2006 година. За нив краен рок за зачленување е 3 месеци од датумот на нивното вработување. 

•  Доброволни осигуреници (вработени пред 1 јануари 2003 година) кои не работеле или работеле помалку од 3 месеци во периодот за избор (од 20 септември 2005 година до 31 декември 2005 година). Тие имаат право на зачленување по повторното вработување, со тоа што имаат вкупно 3 месеци за одлука. 

За сите дополнителни информации можете да се јавите во МАПАС на телефоните 3 224 229 и 3 166 452 или да ја посетите нашата интернет страна www.mapas.gov.mk

Агенција за супервизија
на капитално финансирано
пензиско осигурување - МАПАС

sme
faq
sloboden
vazni_info1