MK | AL | ENG

eu-flag

Со средства обезбедени преку ИПА фондовите, како дел од компонентата ТАИБ 2008, во тек е спроведување на проектот „Поддршка на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување“.

Целта на проектот е да се обезбеди техничка помош за Агенцијата преку која ќе се зајакнат супервизорските капацитети на Агенцијата, ќе се воспостави стратешко и деловно планирање, ќе се дефинираат и документираат деловните процеси и ќе се овозможи развој на ИТ и истражувачките капацитети на Агенцијата. Со проектот се планира и воведување на стандардот ISO 9001.


Трите клучни компоненти на проектот се:

  • Воведување на супервизија базирана на контрола на ризикот
  • Стратешко и деловно планирање со дефинирање на деловни процеси
  • Подобрување на знаењето и безбедноста 

Изведувач на проектот е BNB-Consortium од Р. Турција, во кој влегуваат: BNB Consulting (како носител на конзорциумот), Emeklilik Gözetim Merkezi и Hacettepe University. 

повеќе

sme
faq
sloboden
vazni_info1